Балкан

Македонец се самозапалил во Белград – сакале да му ја урнат куќата

Македонец се самозапалил во Белград – сакале да му ја урнат куќата

Македонец се полил со бензин и се самозапали во Нов Белград.

Немилиот настан се случил вчера нешто пред 13 часот кога мажот се запали откако инвеститори дошле да му ја урнат неговата барака во Нов Белград, спроти трговскиот центар Делта сити.

Како што пренесува Блиц, човекот кој се полил со бензин и се запалил е З.Н., државјанин на Северна Македонија.

Според 24седам, работниците го изгаснале запалениот маж со противпожарен апарат, а потоа продолжиле со демолирање на бараката.

Човек дошол сам во блиската продавница и молел за помош, а работниците рекле дека глетката била ужасна.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни