Балкан

Македонец со „Мерцедес“ кон Белград возел со брзина од 212 километри на час – веднаш е приведен

Македонец со „Мерцедес“ кон Белград возел со брзина од 212 километри на час – веднаш е приведен

Полицијата пресретнала педесет и осумгодишен македонски државјанин кој на автопатот од Батровац кон Белград управувал „мерцедес“ со брзина од 212,6 километри на час, односно 82,6 км повеќе од дозволеното.

Возачот е изведен пред надлежен судија за прекршоци, кој му изрекол глоба од 100.000 динари (околу 53 илјади денари).

Македонецот добил и забрана за возење во Србија во траење од осум месеци.

Полицијата апелира до возачите доследно да ги почитуваат сите сообраќајни прописи, заради сопствена и безбедност на сите други учесници во сообраќајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни