Македонија, Бугарија и Хрватска се пребројуваат – кај нас попишани над 1 милион граѓани

Граѓаните кои имаат дилеми и нејаснотии во врска со процесот на попишување можат да се обратат во Бирото за Попис и на телефонските броеви кои се објавени на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk. Успешноста на оваа статистичка операција зависи од сите нас и е за сите нас!

Државниот завод за статистика информира дека вкупно 1.037.309 лица, 323.286 домаќинства и 438.705 станови се попишани заклучно со 20:00 часот вчера.

Според податоците, можноста за самопопишување на лица во странство досега ја искористиле 193.370 лица.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, кој официјално започна на 5 септември, ќе трае до 30 септември.

До 6 часот наутро на 20 септември во Бугарија, 1.471.382 луѓе кои живеат во 646.077 домаќинства беа пребројани преку системот за електронско броење. Повеќето луѓе беа пресметани електронски во Софија (главен град), каде што населението е најголемо. 

За помалку од една недела во Хрватска се самопопишаа повеќе од половина милион граѓани. Така, до вчера, предку апликацијата е-граѓани, се самопопишале 546.000 луѓе. Најмногу луѓе се попишале во Загреб, а постоа следуваат другите жупании. Самопопишувањето трае уште оваа недела, а потоа почнува втората фаза односно излегување на терен.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното