Балкан

Македонија на дневен ред во бугарското Собрание: Дали ќе падне ветото?

Македонија на дневен ред во бугарското Собрание: Дали ќе падне ветото?

Народното собрание во Бугарија конечно има кворум. Средбата ја отвори привремениот претседавач Мирослав Иванов. Тој предложи дневен ред во кој прва точка е прашањето за Македонија. Дневниот ред го изгласаа 210 пратеници.

Пратеникот од Вазраждане и заменик-претседател на Комисијата за надворешна политика Ангел Георгиев предложи точка 1 да се отфрли бидејќи „нема промена на политичката ситуација во Македонија“.

„РСМ не е реформиран. Во сегашната форма, овој парламент е морално банкрот и не може да носи одлуки за вакви суштински прашања со децении“, рече Георгиев.

Според него, не може со толкава леснотија да се разговара за државни предлози поднесени во 12 без 10 минути.

Не може за половина час да се размислува за нешто толку важно, вчера да се влезе и денеска да се гласа“, додаде Георгиев.

Неговиот предлог беше отфрлен со гласање на 188 пратеници. Ја поддржаа само 12 пратеници.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни