Балкан

Македонка ограбена во Валона

Mакедонските, заедно со косовските туристи се најбројни на плажите долж албанското крајбрежје. Поголем процент одмараат во Шенѓин, поради богатата борова шума и климата која е идентична со онаа во црногоското одморалиште Улцињ.

Mакедонска туристка, била ограбена во Валона, објави Ора њуз.

– Припадниците на полицијата од Комесаријатот во Валона го уапсија лицето И.Б. (34), жител на градот, за кој постојат основи на сомнение дека ограбил македонска државјанка. Додека таа се движела на улица во населбата „Студена вода“ во Валона, тој и ја грабнал чантата во која таа имала лични работи, се наведува полициското соопштение. 

Ноќно студио

Најнова епизода

Герасимовски за „Барутана“, „Треска“, Платформа 12:05 и поделбите во СДСМ | Ноќно студио 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни