Обвинителството во Чачак, Србија, покрена постапка за кривично дело измама против А.Ј., државјанка на Македонија, која се товари дека со измама изнудила 225 евра од српска државјанка.
Според обвинението, А.Ј. стапила во контакт со И.Л. од Чачак и ѝ понудила изнајмување на стан за одмор на море. Жртвата, доверувајќи ѝ, уплатила 225 евра преку Western Union како резервација за сместувањето. По добиените пари, осомничената прекинала секаква комуникација.
Истражните органи утврдиле дека парите биле подигнати во Скопје, а при обид за нејзино приведување, осомничената не била пронајдена на пријавената адреса во Гевгелија. Против неа е отворена кривична постапка за измама.
