75-годишна македонска државјанка вчера попладне била пронајдена без знаци на живот во морето кај плажата Созополи, која се наоѓа во општина Неа Пропонтида, во близина на првиот крак на Халкидики.
Според информациите од грчката крајбрежна служба, по извлекувањето на жената од морето, екипа на итната медицинска помош веднаш пристигнала на местото и ѝ укажала прва помош. Потоа, таа била пренесена во Здравствениот центар во Неа Муданија, каде што била констатирана смртта.
