Младата пејачка, убавата велешанка Мими Јовановска почна да ја освојува балканската музичка сцена со своит неверојатни изведби на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Од жирито најчесто добива комплименти за својот глас и пеење, но и за нејзината скромност. Но, Мими не смета дека пресудно за поголем успех, меѓу другото, е разголувањето и додава таа нема да ја користи сексипилноста во кариерата.
– Секој треба да го даде тоа што го има.Јас мислам дека Господ ми дал глас и треба тој да го дадам на публиката и не би сакала да “успеам” на тој начин со разголување, сепак да се вратиме на старите вредности, дека квалитетот на тоа што го работиш треба да е пресуден, а не изгледот и убавината, кажа Мими за ММС.мк
