Македонија

Македонската химна одекна во Таранто: Белистојаноски освои злато!

Македонската химна одекна во Таранто: Белистојаноски освои злато!

Македонската химна одекна во Таранто! Каратистот Матеј Белистојаноски освои златен медал на 20. Медитерански игри и ѝ го донесе на Македонија првото најсјајно одличје на овогодинешното издание на Игрите.

Белистојаноски триумфираше во категоријата до 67 килограми, откако во големото финале убедливо го совлада хрватскиот каратист Боран Берак со 6:0.

Македонскиот репрезентативец имаше одличен настап во текот на целиот турнир. На патот до финалето ги совлада Мустафа Алма Салех од Сирија со 6:1, Италијанецот Лука Мареска со 2:0 и Георгиос Балиотис од Грција со 5:1.

Во борбата за златото, Белистојаноски уште од самиот почеток ја презеде контролата и со сигурна и доминантна тактика стигна до убедлив триумф од 6:0.

За Македонија ова е вкупно шести медал на Медитеранските игри во Таранто. Пред златото на Белистојаноски, македонските спортисти освоија две сребрени и три бронзени медали.

Со новото одличје, Белистојаноски продолжува со успешната година, откако претходно се закити и со титулата европски младински шампион.

Медитеранските игри во Таранто завршуваат во четврток, 3 септември.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни