Македонија

Македонски камионџија починал во Холандија – се собира помош за транспорт на телото

54-годишен крушевчанец Тодор Горгиески, кој работел како камионџија, починал во саботата во Холандија.

На социјалните мрежи е објавен линк со кој се бара помош за семејство чиј близок роднина починал во Холандија. Се собираат пари за да се донесе телото во државава .

„Драги пријатели и колеги, да ја покажиме уште еднаш нашата хуманост и солидарност кон семејството на нашиот колега: Тошо Горгиески од Крушево, кој ненадејно почина во Холандија. Да се здружиме и да помогнеме на фамилијата со екстремните патни трошоци за телото на нашиот драг колега“, стои во објавата.

За трошоците кои се потребни за да биде погребан Ѓорѓиески, може да донирате средства на овој ЛИНК

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни