Македонскиот музичар Тајзи ја сподели радосната вест дека станал татко. Тој и неговата партнерка добија син, на кој му го дадоа името Захариј.
По повод раѓањето на синот, Тајзи објави емотивна порака во која ја опиша среќата што ја донело доаѓањето на новиот член во семејството.
„Ова е најубавиот ден во нашите животи. Среќата навистина се крие во малите нешта – во еден поглед, еден допир и едно мало срце што ни го промени целиот свет“, напиша тој.
Музичарот откри дека бил присутен на породувањето и упати посебна порака до мајката на неговиот син.
„Ти благодариме Боже, за најубавиот подарок што можевме да го добиеме. Бев присутен на породувањето и сега знам зошто мајките се најсилните суштества на овој свет. Ангела, ти се восхитувам повеќе од кога било.
А тебе сине Захариј, ти ветуваме дека цел живот ќе бидеме твоето засолниште, твојата поддршка и твојот дом“, напиша Тајзи.