Свет

Татко и син застрелани во Норвешка, трето лице се бори за живот

Татко и син застрелани во Норвешка, трето лице се бори за живот

Двајца мажи, татко и син, се застрелани утрово во шумска област во близина на норвешкиот град Халден, додека трето лице е тешко повредено и се наоѓа во животна опасност.

Според информациите што ги пренесува ДПА, жртвите се маж во седумдесеттите години и неговиот син во четириесеттите. Двајцата, наводно, биле дел од група ловци.

Полицијата на местото на настанот уапсила маж во доцните дваесетти години, кој е осомничен за нападот и убиствата.

Норвешката полиција соопштила дека осомничениот не бил дел од групата ловци.

Според пренесените информации, осомничениот бил совладан и задржан од сведоци на настанот до пристигнувањето на полициските службеници.

Истрагата за случајот е во тек, а полицијата треба да ги утврди сите околности поврзани со пукањето.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни