Октоберфест годинава постави нов рекорд по посетеност, откако фестивалот во Минхен привлече 7,4 милиони луѓе, соопштија градските власти. Со тоа е надминат досегашниот рекорд од 7,2 милиони посетители, поставен во 2023 година.
Директорот на фестивалот, Кристијан Шарпф, изјави дека Октоберфест 2026 е најпосетениот во неговата историја, користејќи го локалниот назив „Визн“ (Wiesn).
Зголемената посетеност се одразила и врз потрошувачката на пиво. Според податоците на градските власти, годинава биле испиени 6,7 милиони литри пиво, што е за 2,7 отсто повеќе во споредба со 2025 година, кога биле продадени 6,5 милиони литри.
Раст на продажбата пријавиле и продавачите на храна, кај кои прометот се зголемил за два до три отсто. Како една од причините го посочуваат зголемениот интерес за печено пилешко.
Од вкупниот број посетители, 447.000 луѓе го посетиле и „Оиде Визн“ (Oide Wiesn), посебен дел од фестивалот кој ја пресоздава атмосферата и изгледот на Октоберфест од пред околу еден век.