Македонските војници патролираат во Пеќ, КФОР: Суштинска активност

Војници од Македонија, кои служат под Регионалната команда Запад на КФОР, придонесуваат за регионалната стабилност преку редовни патроли во општина Пеќ, објави мировната мисија на НАТО во видео објава на Фејсбук.

Патролирањето останува суштинска активност за трупите на КФОР, која се извршува транспарентно и непристрасно. Нивното континуирано присуство на терен помага во следењето на безбедносната состојба, гради доверба меѓу локалните заедници и промовира безбедна и сигурна средина за сите, се наведува во соопштението на КФОР.

КФОР повторува дека продолжува да го исполнува својот мандат да придонесува за безбедна средина за сите поединци и заедници што живеат во Косово, како и за слободата на движење, во секое време и непристрасно. КФОР, исто така, нагласува, како и обично, дека работи во тесна координација со косовската полиција и Мисијата на Европската унија за владеење на правото во Косово (ЕУЛЕКС) во нивните соодветни безбедносни одговорности.