Македонци тешко повредени во сообраќајка во Албанија

Двајца македонски државјани се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на автопатот „Патот на Арбр“ во Албанија, на делницата Маќелари – Булќиза, во близина на месноста позната како „Мостот Череница“.

Според информациите од албанската полиција, несреќата се случила кога мотоцикл со скопски регистарски таблички, при обид за непрописно претекнување, излетал од коловозот и удрил во заштитен ѕид покрај патот.

Повредените биле итно префрлени во болницата во Булќиза, каде што им била укажана прва медицинска помош, а потоа се транспортирани во Клиниката за трауматологија во Тирана за понатамошен третман.

Албанската полиција работи на расчистување на причините за несреќата.