Македонци уапсени во Грција, криумчеле мигранти – едниот бил командир на затворската полиција во Скопје?!

Во Грција минатиот петок биле уапсени две лица од Македонија.

Тие биле фатени додека помагале во криумчарење мигранти додека друго (трето) лице пренесувало мигранти со автомобилот на локален пат во општина Еврос, во северозападниот дел на Грција (во близина на границата со Турција).

Се вчитува...

Уапсените биле изведени пред обвинител во градот Александруполи и им била одредена мерка привремен притвор се до судењето. .

Според информациите од тамошните медиуми, едниот од уапсените рекол дека е командир на затворската полиција во Скопје за што и доставил соодветен документ од Министерство.

Полицијата ги одзела и двата автомобили како и мобилните телефони на уапсените.