Макрон и Зеленски телефонски разговарале за ситуацијата во Запорожје

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска во телефонски разговор со неговиот украински колега Володимир Зеленски оцени дека ситуацијата во нуклеарната централа во Запорожје се уште е „многу загрижувачка“, соопшти Елисејската палата.

Претседателите разговараа за ситуацијата во Запорожје „која сè уште е многу загрижувачка и ја поддржаа работата на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ)“, соопшти француското претседателство.

Макрон бил заинтересиран за развојот на ситуацијата на теренот и за потребите на Украина на кои Франција може да одговори.

Американските власти неодамна најавија нова воена помош од 2,8 милијарди долари за Киев и земјите од регионот.