Breaking Најмалку 39 загинати во судирот на возови во Шпанија, два вагона паднале во насип
Свет

Макрон критикуван поради вечера со саудискиот престолонаследник – „Дали распарченото тело на новинарот е на менито?“

Францускиот политичар од Зелените Јаник Жадо остро ја критикуваше одлуката на францускиот претседател Емануел Макрон да приреди вечера за саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман во Елисејската палата.

– Дали распарченото тело на новинарот (Џамал) Кашоги е на менито за Макрон и МБС?, напиша на Твитер Жадо кој беше кандидат во првиот круг од претседателските избори претходно оваа година.

– На дневен ред се нафтата и оружјето, сосема спротивно на климатскиот хаос, мирот и човековите права, за кои треба да разговара, додаде пратеникот во Европскиот парламент.

Домаќинот не објави никакви детали за вечерата на која во вечерва треба да се сретнат Макрон и де факто владетелот на Саудиска Арабија, познат како МБС. Заливското кралство соопшти дека ќе се разговара за билатералните односи и прашања од заеднички интерес.

Средбата ја критикуваа и левичарски политичари во Франција и Амнести интернешнел.

Бин Салман е на својата прва европска турнеја по убиството на Кашоги во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул во октомври 2018 година. Американските разузнавачки служби велат дека убиството било директно нарачано од МБС, кој постојано отфрла одговорност.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио за изборите во Србија и Бугарија со Синиша Пекевски, Игор Бесермењи и Румен Скрински

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни