Свет

Макрон: Нема да поднесам оставка пред гласањето за доверба

Макрон: Нема да поднесам оставка пред гласањето за доверба

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека нема намера да поднесе предвремена оставка пред гласањето за доверба на владата, кое е закажано за 8 септември.

Причина за гласањето е незадоволството на граѓаните од мерките за штедење предвидени во нацрт-буџетот за 2026 година. Премиерот Франсоа Бајру најави дека прашањето за доверба ќе се разгледа на вонредна седница на парламентот.

– Што се однесува до мене, јас верувам во демократија. Демократијата значи луѓето да гласаат за одреден мандат. Мандатот што ми го доверија Французите, и никој друг, ќе биде исполнет до крај, истакна Макрон на прес-конференција со германскиот канцелар Фридрих Мерц.

Актуелниот мандат на францускиот претседател истекува во 2027 година.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни