Максим Димитриевски: Никој не може да ме враќа во партија од која никогаш немам излезено

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски на својот Фејсбук профил објави реакција на изјавата на генералниот секретар Љупчо Николовски вчера во ТВ21 каде истакна дека СДСМ ќе се обиде да го врати Димитриевски во партијата.

„Никој не може да ме враќа во партија од која никогаш немам излезено и согласно статутот на мојата СДСМ сеуште сум член и воедно со нетрпение ја очекувам седницата на ЦО на која ќе разговараме и за мојот статус но и за погубните политики на дел од раководството кои не доведоа во оваа состојба.На СДСМ му се неопходни радикални промени и трансформации по вертикала и хоризонтала и начинот на практикување на власта, елиминација на лукративно – клиентелистичкиот пристап кои треба да бидат заменети со вистински државотворни политики базирани на идеологија во кои граѓанскиот ќе биде пред партиско – личниот интерес. Ние власта од граѓаните ја добивме за да бидеме различни а не исти или слични со предходните.Очекувам реализациха на најавените оставки и кадровски смени и во владата но и во партијата бидејќи едно од нашите начела беше и дека “Зборот е збор”.Граѓанскиот концепт “За наше Куманово” е формиран токму поради различностите со владата и несогласувањата со дел од раководството на нашата партија и убедливо ја доби подршката на кумановчани кои за нас се приоритет во моментов“, порачува Димитриевски.

Тој додава дека оваа силна подршка за него и луѓето од овој концепт е мотив повеќе за поголема посветенист во трансформацијата на Куманово но и во борбата за поголема демократизација на државата.

„Изминатиот период притисоците кон мене и нашите подржувачи беа огромни, доаѓаа од луѓе кои се нарекуваат “мои сопартијци”, нема простор за разговор ниту договор со такви кои што срушија се, излегоа од начелата на СДСМ и се користеа со груевистички методи.Нема да дозволам да бидам дел од нечии игри за собирање на ефтини политички поени, мојот фокус во моментов е да ги реализирам сите ветени проекти за кои што добивме доверба од граѓаните при тоа водејќи се по реални социјалдемократски начела“, додава Димитриевски.

Поврзани вести

ПОРАДИ ОВА, ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ ГО ГУБАТ ТЛОТО ПОД НОЗЕТЕ: Стрелецот не поднесува осаменост, Овенот кога го игнорираат…

Животот понекогаш не доведува во тешки ситуации со кои не можеме да се справиме на вистински начин. Некои бараат помош од пријател, а некои сакаат да поминат низ бура која ја преплавила...

2022 Е ГОДИНА НА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ: Магичната серија 2-2-2 им носи успех и луда среќа на овие знаци!

2022 година ќе биде година на големи промени. Специфичен е од повеќе причини, особено поради тоа што го красат три пара. Оваа серија има посебно значење и моќ, велат нумеролозите.

ОВА СЕ НАЈПОЗНАТИТЕ СРПСКИ ВАМПИРИ: Плашеле, заразувале и давеле луѓе, а еден од негова вдовица барал многу НЕОБИЧНА РАБОТА!

Во Србија за прв пат се документирани вампири, односно починати кои имале надуени лица и тела, изразени очи, долга коса и нокти, кои оживуваат и прогонуваат членови на нивното семејство и заедница!

Среде Пекинг се пејат песни од Тоше Проески

На социјалната мрежа се појави видео на кое се гледа како уличен музичар од Кина го пее познатиот хит на македонската музичка ѕвезда Тоше Проески. „Još uvijek sanjam da...

Најважното

342 нови случаи на ковид-19 – пријавени 7 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Поворката со останките тргна кон вечните почивалишта на загинатите

 По речиси едночасовното преземање од двата бугарски воено-транспортни авиона, почна транспортот на посмртните останки на загинатите во автобуската несреќа до нивните вечни...

ВО ЖИВО: Во тек е преземањето на останките на жртвите од несреќата во Бугарија

Со едноминутно молчење, почна преземањето на посмртните останки  на жртвите од автобуската несреќа кои претпладнево со два бугарски авиона беа транспортирани на...

Почна церемонијата по повод пристигнувањето на останките на жртвите во автобуската несреќа

Почна церемонијата на Скопскиот аеродром по повод пристигнувањето на останките на жртвите во автобуската несреќа. Двата авиона од Софија...

ВО ЖИВО: Пристигнуваат телата на жртвите од автобуската несреќа во Бугарија

Денеска во Македонија пристигнуваат посмртните останки на починатите од автобуската несреќа во Бугарија. Тие пристигнуваат на Меѓународниот аеродром Скопје,...