Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите го оцени како „мал политички маневар“ недоаѓањето на пратеникот Кастриот Реџепи на собраниската седница каде требаше да се гласа недоверба на Влада.
Според Мицкоски, ни самиот Реџепи не верува дека на 14 декември Македонија ќе добие датум за преговори.
„ Ова му беше мал политички маневар да го оправда тој кој што му го причини тоа за кое што тој беше дента изолиран од Собранието и оневозможен да присуствува на седницата“, порача Мицкоски.