Мали: Ер Србија продолжува да урива рекорди, превезувајќи 4,19 милиони патници минатата година

Ер Србија минатата година превезла 4,19 милиони патници, 53 отсто повеќе од 2022 година, изјави денеска министерот за финансии во Владата на Србија Синиша Мали.

Тој на својот Инстаграм профил изјави дека раст се бележи и на други полиња, бидејќи оваа компанија има 44 отсто повеќе летови до 23 нови дестинации, 87 линии во редовен сообраќај до 34 земји на четири континенти.

Министерот Мали истакна дека на 17 мај, по повеќе од 30 години, Ер Србија повторно почна да лета за Чикаго и дека во првите шест месеци меѓу Белград и Чикаго летале над 25.000 патници.