Бизнис

Малите трговци се воздржани кон користење картички поради ниски маржи и провизии

Малите трговци се воздржани кон користење картички поради ниски маржи и провизии

Малите трговци во Македонија се воздржани од користење на ПОС-терминали и плаќања со картички, особено поради ниските маржи на производи како цигари и мастики. Иако банките им обезбедуваат ПОС-терминали бесплатно и провизиите постепено се намалуваат, сепак тие остануваат повисоки за малите трговци во споредба со големите синџири.

Од една домашна банка објаснуваат дека провизиите за картични трансакции се движат кон изедначување со европските стандарди, каде изнесуваат меѓу 0,2 и 0,3 проценти од вредноста на трансакцијата. Сепак, големите маркет синџири имаат значително поголем обрт и можат полесно да ги апсорбираат трошоците, додека малите продавачи се борат да го задржат својот профит.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни