Свет

Мало село во Англија домаќин на најголемиот свингерски фестивал – жителите се жалат на гласното станкање во шаторите!

Мало село во Англија домаќин на најголемиот свингерски фестивал – жителите се жалат на гласното станкање во шаторите!

Мирното англиско село Алингтон, лоцирано на два часа од Лондон, викендов повторно стана центар на внимание поради „Свингатон“ – најголемиот свингерски фестивал во Велика Британија, кој оваа година привлече околу 1.000 учесници.

Иако фестивалот, кој се одржува од 2020 година, се рекламира како инклузивен и безбеден простор за прослава на различните сексуални изрази, локалното население реагира сè погласно, незадоволно од неговото одржување во нивната мала заедница со само 897 жители.

Според сведоштва на мештаните, за време на тридневниот настан, селото е преплавено со гласна музика, вознемирувачки звуци и недолично однесување.

„Нè нарекуваат главен град на свингерите во Англија само поради овој фестивал. Тоа не е титула што ја сакаме. Во селото главно живеат постари луѓе и семејства. Многумина се незадоволни што ова се случува токму тука. Едноставно е бедно“, изјави еден од локалните жители за британските медиуми.

Фестивалот се одржува во затворен простор со шатори, каде учесниците учествуваат во разни активности, вклучувајќи танцување на шипка, забави со пена, тематски садо-мазо простории, сексуални игри, но и музика во живо, диџеј сетови, работилници и демонстрации.

Организаторот Метју Кол ги отфрла критиките, тврдејќи дека станува збор за одговорна и почитувана заедница.

„Спротивно на популарното верување, овде нема разврат, непристојност или неодговорно однесување. Напротив, учесниците се свесни за важноста на безбедниот секс, редовно се тестираат и имаат повисоко ниво на свест отколку што би очекувале од просечен посетител на ноќен клуб“, изјави Кол.

Иако „Свингатон“ поседува сите потребни дозволи и се одвива на приватен имот, сè повеќе жители бараат од локалните власти да преиспитаат дали ваков вид настан е соодветен за нивната заедница. Дискусиите продолжуваат, а селото Алингтон останува поделенo меѓу идејата за сексуална слобода и зачувување на традиционалниот начин на живот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни