Македонија

Малолетник нападнал 23-годишник кој извадил пиштол и нож – полицијата го приведе!

Малолетник нападнал 23-годишник кој извадил пиштол и нож – полицијата го приведе!

На 08.04.2026 во 07:40 часот полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 16-годишник од Куманово.

Според пријавеното, на 07.04.2026 околу 22:00 часот на спортско игралиште во близина на спортската сала во Куманово, тој се сретнал со М.Ѓ.(23) од Куманово наводно за да расчистат претходно недоразбирање, а биле присутни уште неколку други лица.

Како што е пријавено, М.Ѓ. притоа извадил пиштол и нож, по што бил физички нападнат од малолетникот и бил пренесен во болницата во Куманово за укажување помош.

По целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.  

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни