Македонија

Малолетник нападнат во училишен двор во Скопје, друг малолетник го снимил нападот и го објавил на интернет

Малолетник нападнат во училишен двор во Скопје, друг малолетник го снимил нападот и го објавил на интернет

Малолетник бил физички нападнат од група малолетници во двор на основно училиште на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, а нападот бил снимен со мобилен телефон и објавен на социјална мрежа.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера, на 15 октомври, од 43-годишно лице, додека самиот напад се случил на 9 октомври, во доцните вечерни часови.

Како што било наведено во пријавата, малолетникот бил нападнат од неколку други малолетници, од кои едниот го познавал. За време на инцидентот, друг малолетник го снимил нападот со мобилен телефон, по што снимката била објавена на социјална мрежа.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Засега нема дополнителни информации за евентуални повреди на нападнатиот малолетник, ниту за тоа дали се идентификувани сите учесници во нападот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни