Македонија

Малолетник си ги ограбил баба си и мајка си – подигал пари со нивна картичка!

Малолетник си ги ограбил баба си и мајка си – подигал пари со нивна картичка!

Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Берово поднесе известување против малолетно лице од Пехчево, поради сомнение дека сторило кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Според полициските информации, на 8 јули 2025 година, пријавениот одзел пари од паричникот на својата баба. Потоа, на 10 и 11 јули истата година, со платежната картичка на неговата мајка, од банкомат во два наврати подигнал парични средства без нејзино знаење и дозвола.

Случајот е целосно документиран и ќе биде проследен до надлежното обвинителство за понатамошна постапка.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни