Балкан

Малолетници стојат зад заканите со бомби во Бар и Улцињ?!

Црногорската полиција соопшти дека во два одвоени случаи идентификувала двајца малолетници кои претходно се заканувале дека ќе активираат експлозивни направи во основните училишта во Улцињ и Бар.

Според Полициската управа, идентификуваниот малолетник на 21 април на блог објавил закана по безбедноста на децата и вработените во ОУ „Маршал Тито“ во Улцињ, а против тоа лице е поднесена кривична пријава до Државниот обвинител при Специјалното Државното обвинителство.

Полицијата го идентификувала и лицето кое на 27 април испратило е-пошта со пријава за поставена бомба на адресата на Основното училиште „Мркојевиќи“ во Бар, а против неа е поднесена кривична пријава, пренесува Вијести.

Од УП наведуваат дека и во двата случаи се работи за малолетни лица.

Според УП, полицијата претходно била информирана од НЦБ Интерпол Вашингтон дека непознато лице на блог-страницата на Гугл изјавило дека се, како што велат, „неонацисти и дека планираат да извршат масовно пукање во основно училиште, со покана да им се придружиме на локалните нацисти“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни