Малолетник пронашол муниција во куќа во месноста Дубрава во Загреб, која ја дал на друг член на семејството, исто така малолетник. Потоа почнале да ја загреваат муницијата со запалка, предизвикувајќи експлозија.
Од експлозијата едно од малолетниците е тешко повредено и е пренесено во загрепската клиничка болница каде му била укажана лекарска помош, соопштија од полициската управа во Загреб.
