Малта од оваа среда ќе забрани влез на сите патници кои не се вакцинирани против Ковид-19.
Негативниот тест за вирусот повеќе нема да биде доволен за да се премине границата на овој мал медитерански остров со околу половина милион жители.
Властите во Малта се надеваат дека со тоа ќе го запрат зголемувањето на бројот на заразени од Ковид-19.