Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчвски вели дека последниот период изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски потсетуваат на едно друго време како што вели тој која ДПМНЕ била судија, полиција, изречител на казни и мерки.
„Прво тој како и многу пати досега што се покажа не ги почитува мерките за заштитта од Ковид 19.Тоа се покажа и во други примери претходно, ова е веќе кривично дело и не е така едноставно. Правдањето дека не знаел дека не смее да седи во внатрешност на угостителски објект е навистина смешно, сите го знаат тоа и впрочем не требал ни да биде пуштен внатре во објектот. Вториот момент за кривично дело е дека спречуваа луѓе инспектори, официјални лица во извршување на својата службена должност. Овие луѓе 2 часа не беа пуштени да влезат во внатрешноста на угостителски објект само и единствено затоа што таму седел Хритијан Мицкоски со неговото друштво, и ова е кривично дело“, вели Манчевски во видео обраќањето.
.