Манчевски на Вевчанскиот карневал: Сигурен сум дека ние политичарите ќе бидеме предмет на критика денеска

Министерот на отварањето на Вевчанскиот карневал рече дека е нормално и очекувано на ваков ден Власта да биде критикувана, а критиките ја прават власта подобра.

„Сигурен сум дека ние политичарите ќе бидеме предмет на критика денеска и едвај чекам да видам што имаат подготвено вевчанци и василичарите со своите маски. Денеска сигурен сум дека тука ќе се смеам, ама знам дека вечер сигурно ќе се замислам. И ова е дел од критиката и нормално е власта да биде критикувана. Тоа е демократија и затоа е власта за да биде критикувана, а критиката може да направи само подобра власт. Ако не треба да биде сменета“, изјави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Извор: ТВ21