Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски на денешната прес-конференција на која го презентираше Буџетот за 2019 година, одговарајќи на новинарско прашање во врска со вработените во администациите кои не се појавуваат на своите работни места, а редовно земаат плата, изјасни дека Секретаријатот за спороведување на Охридскиот рамковен Договор е местото кое што може да даде конкретно објаснување за ова, тој само потенцираше дека веќе во 2019 година, такви случаи ќе нема.
„Не можам да бидам портпарол за сите сектори во Владата, има процеси кои се спроведуваат на дневна основа, во одредени институции“, изјави Манчевски, додавајќи дека во различни институции спроведувањето за секој план е различно, за да им се најде место во систематизацијата. Постапките и процедурите се секаде различни.
