Голем фан на славниот аргентински фудбалер Диего Марадона, кој своите ќерки ги именуваше Марa и Донa по неговото презиме, сега има син кој се вика – Диего.
Валтер Ротундо (39) изјави дека неговата сопруга закажала царски рез на првата годишнина од смртта на фудбалскиот гигант за да роди син.
„Сè помина според планираното“, изјави Ротундо за АФП.
Ротундо вели дека никогаш лично не се сретнал со Марадона, но дека неговиот херој знаел дека Ротундо ги именувал своите ќерки – кои сега имаат 10 години – по него.
„Овој ден, кога толку многу луѓе се тажни поради Диего, тажен сум и јас. Но, се чувствувам малку подобро поради раѓањето на мојот син. „Сега, во иднина, овој ден сепак ќе биде годишнина од смртта на Диего, но ќе биде и роденден на мојот син“, рече Ротундо.
Тој раскажа како на Марадона, кога се родиле Мара и Дона пред 10 години, му ја испратил својата слика со девојките во неговите раце.
Марадона одговори со испраќање на фотографија кон Ротонда на која ја држи таа фотографија.
Ротонда беше толку трогнат од гестот што ја истетовира сликата на Марадона на грбот.
