Марија Шерифовиќ откри чија ДНК носи нејзиниот син: Еве што пишува во документите на детето на пејачката

Пејачката Марија Шерифовиќ доби син со помош на сурогат мајка.

Марија со години фантазирала да го држи своето дете во раце и сонот конечно се остварил, а нејзиниот син се родил во клиника во Лос Анџелес.

Како што откри Шерифовиќ, процесот траел долго.

„Ух… Па, мојот процес на донесување одлуки траеше долго. Но, кога првпат ја пресеков и реков тоа е тоа, веднаш се останато некако си отиде само по себе… Има голема помош од Оној одозгора“, вели таа во големото интервју за Блиц.

Марија не сакаше да открие кој е таткото на детето.

„Поради договорот за приватност, не можам да ги споделам сите информации, но она што можам да го кажам е дека кога ќе дојде време, Марио ќе знае се за тоа“, рече пејачката и откри дека била наведена како единствен родител во документите.

„Јас сум негова биолошка мајка и во документите сум заведенa како единствен родител“, рече Шерифовиќ, која ги реши сомнежите и посочи дека таа е мајка на Марио во генетска смисла и дека законот на Република Србија ја признава како неговата мајка.

„И генетски и административно и во секоја друга смисла јас сум мајка на Марио, секој негов мал атом што доаѓа од ДНК на неговата мајка е мој“, рече таа.