Огромното мнозинство Французи повеќе не ја сака Европската унија како што е денес, изјави денеска Марин Ле Пен, лидерката на француската десница, која ќе се бори за претседателската функција во вториот круг од изборите на 24 април со актуелниот шеф на изјави Емануел Макрон.
„Огромното мнозинство Французи повеќе не ја сакаат ЕУ како што е денес. Европа – не оспорувам дека постои соработка, се разбира. Но, тоа не може да се направи против волјата на народот“, рече таа во интервју за Француско радио Франс Ентер.
Ле Пен нагласи и дека нема „тајна агенда“ за евентуално излегување на Франција од Унијата во случај да победи на изборите.
Во првиот круг од изборите Ле Пен освои 23,15 отсто од гласовите, наспроти првопласираниот Макрон (27,84 отсто).
Анкетите покажуваат дека вториот круг на 24 април ќе биде тесен. Макрон има малку поголеми шанси, но на крајот се ќе зависи од гласачите кои немаа доверба во актуелниот претседател или кандидатот на десницата во првиот круг.
