„Викни силно против насилно“ беше мотото на јубилејниот 10-ти по ред Марш за толеранција кој започна од пред Музеј на Град Скопје по улица Македонија за да заврши пред Универзиеттот на Југоисточна Европа во Стара чаршија, а во организација на Хелсиншки комитет. Се маршираше, не само говорот на омраза, туку и делата во општетсвото кои произлегуваат од омразата. Говорот на омраза особено е присутен на социјалните мрежи без можност да биде санкциониран или отстранет.
„И покрај промената во обвинителството, се уште случаите кои со години ги поднесувавме стојат во фиока“, вели Кочо Андоновски.
Се крева свеста за постоењето на насилството од година на година. Дел од младите препознаваат говор на омраза, но не сите, некои не се запознаени.
„Ние сакаме да работиме токму за тие млади. Кои ќе треба да бидат свесни и за говорот на омраза и за булингот да го препознаат, да знаат како да се спротивстват и што е уште побитно каде да го пријат доколку се случува“, вели Стефи Спировска – МОФ.
Се превземаат мали чекори за надминување на нетолеранцијата која е присутна на сите основи: етничка, полова, идеолошка, социјална според Џабир Дерала од невладината Цивил.
„Нетолеранцијата се гледа меѓу родовите односи, меѓуетничките заедници, ЛЏБТ, нетолеранцијата о ова општество е присутна кон социјално загрозените, лицата со посебни потреби, начинот на размислување и однесување на луѓето во поглед на политичките убедувања“, вели Џабир Дерала од НВО „ЦИВИЛ“.
Вистинските промени се можни само со свесни и одговорни граѓани и институции кои го препознаваат и реагираат против насилството во домовите, училиштата, стадионите, на улиците и во виртуелниот свет.
„Ние имаме прекршување на толеранција на воздухот што го дишеме, начинот на кој се вработуваат луѓето, како судските органи на еден му пресудуваат вака на друг онака. Еден типичен пример: ако обичен граѓанин направи прекршок, може веднаш да заврши во затвор, додека за одредени луѓе имаат толеранција до бескрај“, вели Ашмир Делиловски.
Образовниот систем и медиумите се клучна алка во процеот на градење на вистински ненасилна култура и похумано општетсво. На патот кон европското семејство треба да имаме во предвид дека толеранцијата мора да биде основен предзнак на сите нивоа во општетсвеното и институционалното делување порачаа организаторите на маршот.
РЕПОРТЕР: АЛЕКСАНДРА ВЕЛИНОВА
