Масакрот во двете џамии пренесуван во живо на Фејсбук – загина 49 луѓе - 4NEWS.mk
Поврзи се

Свет

Масакрот во двете џамии пренесуван во живо на Фејсбук – загина 49 луѓе

Полицијата на Нови Зеланд соопшти дека 49 лица се убиени, а 20 повредени во терористичките напади на две џамии во новозеландскиот град Крајстчрч. Полицијата соопшти дека приведени се четири лица и дека открила експлозивни направи во едно возило.

Како што претцизира CNN, притиворени се три мажи и една жена.

Полицијата соопшти дека двата напади се во џамии за време на молитвата рано утрово.

Амнасадорот на БиХ за N1 телевизија изјави дека еден од напаѓачите директно на Фејсбук го пренесувал нападот, при што се слушала и српска национална музика.

Агенцијата АП информира дека жител на Австралија на 28 годишна возраст ја презел одговорноста за нападите.

CNN јавува дека по нападот е пронајден манифест од 87 страници, кој бил полн со антимигрантски и антимуслимански идеи, а имало и објаснување како бил реализиран терористичкиот напад.

Во следното видео се гледа како полицијата приведува:


Извор: ТВ21

Реклама
Реклама
WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com