Основачот и извршен директор на Tesla, Илон Маск повторно се огласи на Твитер.
Овој пат тој зборуваше за својата кариера.
Имено, Маск во твит напиша дека размислува да даде отказ од сите свои работни места и да стане „полно работно време инфлуенсер“.
Тој исто така ги прашал своите следбеници што мислат за идејата, а одговорите биле различни. Така, некои му предложија да отвори канал на YouTube, а еден корисник на Твитер напиша дека тој веќе е „најдобриот инфлуенсер на светот“ и дека не му треба YouTube, бидејќи може да создаде своја платформа од овој тип.

Да потсетиме, Маск неодамна исполни едно од своите ветувања – го продаде имотот во Силиконската долина за 30 милиони долари, што е, додуша, дури 7,5 милиони помалку од првичната цена.
Маск претходно изјави дека овој имот во близина на Сан Франциско е неговата последна преостаната куќа.

