Денеска во станбена зона во градот Бургас во југоисточна Бугарија избувна пожар, во кој изгореа најмалку 25 куќи, а наредена е масовна евакуација.
Пожарот избувнал околу 11:30 часот по локално време во зоната „Остриците 2“ на копно со сува вегетација и брзо се проширил, објавува порталот „Новините“, додавајќи дека и покрај сериозноста на ситуацијата, системот за предупредување не бил активиран.
Во гаснењето учествуваа и волонтери, покрај противпожарните екипи, а на местото на настанот дојде градоначалникот Димитар Николов кој рече дека пожарникарите работат на сечење на пристапните патишта за да се спречи ширењето на пожарот кон источниот дел од станбената зона.
A wild fire engulfed 25 houses in the Ostritsata area between Banevo and Mirolyubovo in Burgas Region, Burgas Mayor Dimitar Nikolov said on Monday.https://t.co/F1AtB4mgta pic.twitter.com/WLfWuv358S
— Bulgarian News Agency (@BTAnewsENG) July 14, 2025
-За жал, околу 25 куќи се веќе уништени, од кои шест или седум беа целосно населени. Полицијата активно ги евакуира луѓето од нивните имоти. Фала му на Бога, нема жртви – рече Николов.
Според него, периметарот на пожарот постојано се движи поради силните ветрови, што ја отежнува ситуацијата за службите за итни случаи.
Во исто време, тој апелираше до сите жители да се држат подалеку од таа област до понатамошно известување.
Според порталот, евакуацијата на жителите од таа населба сè уште е во тек.
