Свет

Масовно пукање во Австралија, шест лица убиени, меѓу нив двајца полицајци

Масовно пукање во Австралија, шест лица убиени, меѓу нив двајца полицајци

Шест лица, меѓу кои и двајца полицајци, се смртно застрелани по наводна заседа на имот во Австралија, јавува Би-Би-Си.

Полицијата соопшти дека биле повикани на адреса на имот во кој се наоѓал бунгалов за да пронајдат исчезнато лице во градот Виамбила.

Веднаш штом се приближиле до имотот, биле застрелани двајцата полицајци – 26-годишниот Метју Арнолд и 29-годишната Рејчел Мекроу. Уште еден полицаец побегнал со само површна рана од куршум.

Убиен е и 58-годишниот Алан Даре, кој се наоѓал во соседниот имот.

„Опсадата вклучуваше „повеќе оружје“ и траеше со часови пред осомничените – двајца мажи и една жена – да бидат застрелани од специјално обучени полицајци“, соопштија властите.

Еден од нив е идентификуван како Натаниел Трејн (46), кој е поранешен директор на училиште. Останатите двајца се неговиот брат Герет Трејн (47) и неговата сопруга Стејси Трејн (45), кои се косопственици на имотот.

Полициската комесарка во Квинсленд, Катарина Керол, го опиша нападот како „незамислива трагедија“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни