Матичните лекари се незадоволни од статусот, но и игнорантскиот однос на власта. Министерот Беким Сали вели – не го прифаќам протестот и не разговарам под притисок…
Mатичните лекари од утре до среда ќе бидат на тридневен протест. Тие ќе бидат на работните места, ќе ги примаат итните случаи, ама нема да издаваат упати и рецепти.
Главните барања на Здружението на приватни лекари поради кои 4-ти пат годинава протестираат се зголемување на капитациониот бод, односно повеќе пари од државата поради високата инфлација и пациентите да се водат на ординацијата, а не кај матичниот лекар.
Министерот Сали потсети дека имаат проблем што младите лекари најчесто не сакат да бидат дел од примарното ниво, а голем број од лекарите наскоро ќе заминат во пензија.