Бројни автобуси и автомобили. Стотици граѓани и туристи одлучија овој празничен ден да го поминат токму на Кањонот Матка. Некои ловат риба, некои уживаат впивајќи ги сончевите зраци, а некои пак пловат со кајче – една од главните атракции на Матка. Ова 5-члено семејство доаѓа од Австралија. Велат одлучиле да дојдат, бидејќи слушале многу пофали зборови за Матка. 8-годишниот Хуго, вели дека најмногу му се допаднала прошетката со кајче.
Таткото на Хуго вели дека Матка изгледа поубаво од претходните години.
Но, домашните посетители не мислат исто. Велат дека треба да се инвестира уште повеќе во инфраструктурата на оваа туристичка атракција. Патот кој води до браната е тесен и со дупки. Има недостаток на корпи за отпад, бидејќи оние кои се веќе поставени, се оштетени и сиот отпад завршува на земја. Забележуваат и дека има недостаток на паркинг места.
Инаку, Комисијата за спречување корупција констатираше одредени нерегуларности на Матка, како што се платформите поставени околу езерото.
РЕПОРТЕРКА: АЛМЕДИНА ИСМАЈЛИ