Мажот осуден на домашен притвор се пријавил во полициска станица и побарал да биде сместен во затвор бидејќи неговиот живот со сопругата и нејзиното семејство е невозможен, објавија италијанските карабинери.
30-годишен маж кој живее во градот Гидонија Монтечело во близина на Рим „не може повеќе да издржи принуден соживот со сопругата“, соопштија карабинерите од соседниот град Тиволи.
„Во очај решил да побегне, спонтано се пријавил кај карабинерите и побарал да ја отслужи казната зад решетки“, додаваат тие.
Човекот е осуден на неколку месеци домашен притвор за обвиненија поврзани со дрога и треба да отслужува таква казна неколку години, што му изгледало безнадежно, изјави капетанот Франческо Џакомо Феранте од Тиволи.
Рече дека „животот му станал пекол“ и „дека веќе не може“, па „сака да оди во затвор“, објасни капетанот.
Кога се пријавил кај карабинерите, човекот бил уапсен поради кршење на куќниот притвор, па правосудните органи наредиле да биде ставен во затвор.
