Maж го избодел брат си во градите во Сплит – „Ме нервираше што зборуваше на мобилен телефон“

МАРИН Б. (29) завршил во затвор во Билице поради обид за убиство на неговиот две години помлад брат, пишува Далмација Данас. Браќата живеат во семејниот стан, а злосторството се случило на 20 јули во раните утрински часови.

Според досега реконструираниот тек на настаните, постариот брат го нападнал 27-годишникот, удирајќи го со тупаница, а потоа отишол во кујната да земе нож, кој го забодел во градите на својот брат. Според сопственото признание, бил вознемирен што неговиот брат зборувал на мобилен телефон. На крајот, полицијата морала да употреби сила за да го уапси, додека 27-годишникот е хоспитализиран и неговиот живот не е во опасност.

Осомничениот е регистриран како наркоман, а досега во досието има кривични дела со елементи на насилство, а нападот врз својот брат го извршил за време на условна казна. Му е одреден притвор поради ризик од влијание врз сведоци и ризик од повторување на делото.