Свет

Маж од Флорида почина во камион дизајниран да апсорбира удари

Маж од Флорида почина во камион дизајниран да апсорбира удари

Маж од Флорида загина во бизарна сообраќајна несреќа додека возел специјален камион дизајниран да апсорбира удар при судир. Инцидентот се случил рано наутро во сабота на автопатот I-75 во округот Бровард, објави „Индипендент“ .

Камионот, познат како „Scorpion Crash Truck“, кој е дизајниран да ги заштити работниците на патиштата со создавање зона, следел друго возило кое ги означувало сообраќајните ленти. Околу 1:30 часот по полноќ, пикап камион што влечел чамец се судрил со работните возила, но не успеал да забави и се судрил директно во задниот дел од „Scorpion“.

Силата на ударот го турнала безбедносниот камион врз возилото пред него. Возачот на „Скорпионот“, 64-годишен маж од Мајами, претрпел сериозни повреди. Иако бил префрлен со хеликоптер во блиската болница, неименуваниот маж подоцна им подлегнал на повредите, потврди Флоридската автопатска патрола. Двајца работници во камионот за цртање линии не биле повредени.

Според извештајот, повредени се и тројца мажи од пикапот што ја предизвикал несреќата. Возачот (42) и еден патник (50) претрпеле полесни повреди, додека трет маж од Форт Лодердејл е тешко повреден. Службата потврди дека истрагата за причините за несреќата е сè уште во тек.

Вака изгледа новиот Scorpion.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни