„На Русија навистина не и е грижа што Г7 не ги признава промените на границите на Украина, важна е волјата на луѓето кои живеат таму“, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, коментирајќи ја заедничката изјава на министрите за надворешни работи на Г7.
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија се осврна и на темата за испорака на оружје за Украина.
„Киев ќе добива оружје онолку колку што му треба. Односно, Г7 ќе продолжи да води тајна војна со Русија наместо да се занимава со проблеми во снабдувањето со гориво и храна за нејзините незадоволни жители“, напиша Медведев во Телеграма.
Тој истакна дека Г7, намалувајќи ја зависноста од руската енергија, вклучувајќи јаглен и нафта, продолжува да ги ограбува своите жители за да го поддржи корумпираниот режим во Украина.