Меган Фокс и Брајан Остин конечно се разведоа!

Меган Фокс и Брајан Остин Грин официјално постигнаа конечен договор за прекин на бракот, речиси година и пол по почетокот на бракоразводната парница.

Поранешниот пар беше во брак скоро 10 години пред да објави развод во мај 2020 година.

Тие ги наведоа непомирливите разлики како причина за колапсот на љубовта и побараа заедничко старателство над нивните синови, Боди, Ноа и Џорни.

ТМЗ пренесува дека Меган Фокс и Брајан Остин Грин немале предбрачен договор, што значи дека нивниот имот стекнат за време на бракот ќе биде поделен на половина.

„Таа секогаш беше искрена со мене. Јас секогаш бев искрена со неа. Имавме неверојатна врска. Секогаш ќе ја сакам. И знам дека таа секогаш ќе ме сака“, рече Грин за време на објавувањето.

Фокс веќе некое време е во врска со раперот Ган Кели, додека Брајан среќата ја најде кај танчерката Шарна Бургес.