Македонија

Меѓуетничките коалиции на овие избори се најголема придобивка

Александар Кржаловски од отвореното студио на ТВ21 рече дека најголема придобивка од овие избори за меѓуетничките коалиции, односно СДСМ-ДУИ и сега новата коалиција ВМРО-ДПМНЕ со Алијанса за Албанците.

„Меѓуетничките коалиции од овие избори се најголема придобивка. Генерално во некоја далечна иднина можеби и ќе се фузираат како партии, и нема да биде важна етничката компонента. Репрекусиите, прилично се согласувам дека ќе зависат од Скопје, потоа освоениот на вкупен број на општини и вкупен број на гласови. Ако ВМРО-ДПМНЕ има поголем број на гласови, тогаш ќе може да бара предвремени парламентарни избори, ако нема ниту една, тогаш ќе нема причина да бара предвремени. Сепак, што и да се случи, СДСМ нема да одат на предвремени, ќе настојуваат да го завршат мандатот до крај“, изјави Кржаловски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни