Меѓународен ден за борба против насилството врз жените: Насилството не треба да се игнорира

Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените (25 ноември) е датум кога се објавуваат текстови за оваа тема која се игнорира речиси во текот на целата година, иако не треба да е така.

Бројните светски медиуми јавуваат дека фамилијарната куќа е најсмртоносното место за жените. Статистиките покажуваат дека во регионот убиените жени спрема бројот на жители е значително поголем отколку во западните земји како Германија или Австрија, а посебно во Шпанија која што во изминатите години сериозно го смени законот за оваа област.

Се вчитува...

Какви се тие мажи кои дигаат рака на својата сопруга или девојка? Психолозите велат дека тоа се луѓе од сите слоеви во општеството, кои настапуваат изолирано, и дека истите треба да одат да се лекуваат односно да одат на терапија. Тие се луѓе кои се љубоморни, немаат доверба во партнерот, или, пак, имаат проблеми надвор од домот, па својот бес го искажуваат врз своето семејство.

Пред неколку недели во Македонија имаше неколку случаи на напад врз жени во тетовско. Истите беа пријавени во полиција, која работи на расчистување на случајот.

Извор: ТВ21